РЕволуција
август 18, 2011 од martinimkd
Се што знам е дека прво треба да се разбудиш
Мораш да си речеш себеси:
Јас сум човек по ѓаволите, мојот живот има вредност
Добродојдовте во земјата на стравот, каде зборовите немаат никакво значење.
Добродојдовте во земјата на невините
Невините политичари
Невините новинари
Невините експерти
Невините амбасадори
И Виновниот Народ
Тие што ја имаат моќта гледаат бројки
Ние гледаме луѓе
Се гледаме едни со други
Денес ги оставаме настрана нашите разлики, политички сфаќања, партиски книшки, бидејќи сакаме да го демонстрираме она што не обединува, нашата ИНДИГНАЦИЈА
Против корумпираните политичари,
Против новинарските платеници
Против амбасадорските гувернери
Кои нашите основни човекови права за културно национално етничко јазично и духовно самодефинирање ги третираат како македоноиден букефален виц на денот континуирано повикувајќи за нивно а со тоа и наше препродавање.
НИЕ НЕ СЕ ПРОДАВАМЕ
Не го продаваме нашето име
Не го продаваме нашиот идентитет
Не ја продаваме нашата душа
Не го продаваме нашиот живот
Ние сме Македонци
Ние сме Македонија
Против нивната морална криза
Цела Македонија е плоштад
Нема да се одмараме
Ниту за еден ден
Кога неправдата станува закон
Отпорот станува должност
Вистинска демократија
Директна демократија
Наскоро доаѓа
На плоштад близу тебе
Напишете коментар
You must be logged in to post a comment.
























